Во нашето училиште во соработка со НУ Завод и Музеј Прилеп, под раководство на м-р Маја Ралева-Миладиновски се реализираше првиот дел од проектот “Мариовските народни носии – сега и овде” со предавање на тема – Автентичноста на Мариовската народна носија со сите нејзини впечатливи атрибути. Предавањето го проследија ученици од II одд. со одделенскиот раководител Павлинче Велјановска и ученици од VII одд. под раководство на наставничката Габриела Стојановска Станоевска. Упатувам голема благодарност за исцрпното предавање и за пробудувањето на свеста за фолклорот и обичаите кај најмладите. Спремни сме за понатамошно дружење и едукативна надградба. Со почит и ❤️❤️❤️

Повеќе

Државно првенство во индивидуални спортови-спортска гимнастика

Државно првенство во индивидуални спортови-спортска гимнастика. Нашите ученички под менторство од наставничката по фзо Мартина Јездиќ, се закитија со 1во место – Илина Кузманоска и 3то место – Ева Јашмакоска Честитки

Повеќе

По повод 22 Април – Светскиот ден на планетата земја учениците од Биолошката секција организираа и спроведоа Еко – акција преку која на граѓаните им беа доделени флаери и брошури со едукативна содржина, a учениците од петто одд подготвија презентација.

Повеќе

Нашите ученици од осмо и деветто одделение и учениците кои активно учествуваат во воннаставните активности по германски јазик

Нашите ученици од осмо и деветто одделение и учениците кои активно учествуваат во воннаставните активности по германски јазик ја посетија патувачката изложба за врвните истражувања во Германија на тема ,,Вселена.Човек.Интелигенција” – поставена во КИЦ во Скопје. Станува збор за интересна интерактивна изложба за млади, која Гете-институт во

Повеќе

На Регионалниот натпревар по Географија кој се одржа на 08.04.2023 год. ученичката Ева Јашмакоска од 9-д одделение го освои ?второто место и успешно се пласира на претстојниот Државен натпревар! Честитки за Ева и за нејзината менторка Викторија Спиркоски и им посакуваме многу среќа и уште поголем успех!

Повеќе

Честитки за нашите ученици и нивните ментори за постигнатиот успех на регионалниот натпревар по Природни Науки и пласман на државен натпревар. ???

Честитки за нашите ученици и нивните ментори за постигнатиот успех на регионалниот натпревар по Природни Науки и пласман на државен натпревар. 4то одд. Ментор- Весна Мегленска Теодор Велјаноски награда(пласман на државен натпревар) Михаил Секулоски награда(пласман на државен натпревар) Мантор- Гоце Бумбароски Софија Личкова награда(пласман на државен натпревар)

Повеќе

??? Нашите вредни ? ??заблескаа на Регионалниот натпревар по германски јазик кој денес се одржа во ООУ ,,Коле Канински” во Битола

Нашите вредни заблескаа на Регионалниот натпревар по германски јазик кој денес се одржа во ООУ ,,Коле Канински” во Битола. Им честитаме за освоените места на: Ивана Ангелеска во одделение Бојан Филипоски во одделение Петар Граороски во одделение Наши денес беа и учениците: Дафина Биџоска од одд. Адриан

Повеќе