Нашето училиште – нашиот втор дом

 ООУ ,, Кочо Рацин’’ Прилеп се наоѓа во Општина Прилеп, Северна Македонија.  Во нашето училиште учат ученици од прво до девето одделение, на возраст од 6 до 14 години.

Го носи името на македонскиот поет и револуционер – Кочо Рацин. Секоја година традиционално го одбележуваме патрониот празник на училиштето, сеќавајќи се на борбата за слобода и еднаквост. Наша мисија е да ја развиваме свеста за правата и одговорностите, за демократијата, екологијата, мултикултултурализмот, инклузија, и за тоа  нашето училиште е дел и организатор на различни активности и настани како што се Отворен ден на демократијата, Еко проектот, Мио – проект, Еразмус + и други. 

Натпреварувачки дух, иновативност и креативност – се асоцијации за ООУ,, Кочо Рацин‘‘. Голем број на генерации поминале низ училишните клупи во нашето основно училиште.

Тука, од најмали ние растеме, се описменуваме, се дружиме, спортуваме, пееме, достигнуваме значителни успеси и созреваме во успешни личности. За нашата вредна работа,  на учениците и наставниците доказ ce големиот број награди и импресивни достигнувања на кои сме горди и кои не мотивираат за идни успеси.

Директор на училиштето Јулијана Тренкоска

Основното училиште ,, Кочо Рацин’’ Прилеп е најстарата воспитно – образовна институција во градот. Училишната зграда постои од 1926 и е под целосна заштита на Музеј на Македонија, и низ текот на годините била употребувана како гимназија, а од 1954 и како основно училиште   ,,Кочо Рацин‘‘ Прилеп.

 Во учебната 2019/2020 година во училиштето е воведен продолжен дневен престој чиј сместувачки капацитет е доволен за триесетина ученици.

Основното училиште ООУ,, Кочо Рацин’’ Прилеп се наоѓа во центарот на градот. Адресата на училиштето е: ул. Борка Талески, бр.64 – Прилеп.

Во склоп од истото училиште е и подрачното училиште – ООУ,, Кочо Рацин‘‘ Прилеп – РИД. Адреса: ул. „Борка Медарот“ бр. 24 – Прилеп.

 Телефон: 048 425 772.

Е- маил: kocoracinprilep@yahoo.com.

Веб страна: www.ooukocoracinprilep.edu.mk .