Во нашето училиште во соработка со НУ Завод и Музеј Прилеп, под раководство на м-р Маја Ралева-Миладиновски се реализираше првиот дел од проектот “Мариовските народни носии – сега и овде” со предавање на тема – Автентичноста на Мариовската народна носија со сите нејзини впечатливи атрибути. Предавањето го проследија ученици од II одд. со одделенскиот раководител Павлинче Велјановска и ученици од VII одд. под раководство на наставничката Габриела Стојановска Станоевска. Упатувам голема благодарност за исцрпното предавање и за пробудувањето на свеста за фолклорот и обичаите кај најмладите. Спремни сме за понатамошно дружење и едукативна надградба. Со почит и ❤️❤️❤️