Почитувани,УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија објавуваат нов отворен повик за вклучување на млади во комуникациски иницијативи за справување со онлајн насилството и говорот на омраза на интернет. Повикот со наслов: „Заедно за интернет без омраза“ е дел од долгогодишното партнерство помеѓу УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија чија цел е да ги вклучи децата и младите во справувањето со некои од најголемите предизвици со кои се соочува нивната генерација.Би ви биле многу благодарни доколку би можеле да го споделите повикот со ученици од Вашето училиште. Повикот е отворен до 08.05.2023 (понеделник).Работилниците ќе се организираат во мај, дводневната на 20-ти и 21-ви мај и тродневната работилница на 26-ти, 27-ми и 28-ми мај во Скопје. На работилниците можат да се пријават сите заинтересирани млади на возраст од 14 до 19 години, со пополнување на следниот формулар: https://t.ly/p08z Предавачи на работилниците ќе бидат:Огнен Јанески – https://www.facebook.com/janeski.ognen Трајко Џиков – https://www.facebook.com/trajko.djikov Руки Чуки – https://www.instagram.com/ruki_chuki/