Драги и почитувани наши ученици, ООУ „Кочо Рацин“ Прилеп објавува литературен конкурс на кој може да учествуваат сите ученици од шесто, седмо, осмо и деветто одделение од нашето училиште на тема:

„ЕКО – КОДЕКС“

(односно правилник од областа на екологијата на кој ќе се придржуваат сите присутни во училиштето.)

Учениците треба да творат ПЕСНА според примерот на досегашниот Еко кодекс даден подолу.

Трудот одбран од жири комисијата ќе биде награден, истакнат на видно место во училиштето и презентиран на одделенските часови. Краен рок за доставување: 15 октомври.

Во трудот може да бидат обработени следниве еко стандарди: штедење на вода, штедење на енергијата, еколошко уредување на дворот, одржување на хигиена во внатрешноста на училишната зграда и во училишниот двор, селекција на отпадот, користење велосипеди и примена на здрава исхрана.

Ајде да твориме и со убав збор да ја подигнеме еколошката свест на сите!

Досегашен Еко кодекс:

Еко кодекс

Хигиената е битна, не е нова вест

кај секој е важна еколошка свест.

Имај чисти раце, затвори ја славината

нека знае и другарот, чувај  вода за во иднината!

Кога сонце грее светлото угаси го

Така  се грижиш и енегрија штедиш.

Да ги уредиме и училниците, тука ни минуваат дните

да ни биде, убаво и чисто да се потрудиме сите.

Заштити дрво во училишен двор ,засади цвеќе ново

кога вака правиш повикај и друг, за поширок круг.

Секогаш и секаде  култура да покажеме

за отпадот да е во вистински корпи да докажеме.

Сина, жолта и зелена корпа бираме

хартија, пластика и останат отпад внимателно собираме.

Секогаш кога можеш,доаѓај на училиште пеш или со велосипед.

Сакај го училиштето, да е чисто, во светло да сјае

за да бидеш пример и гордост, секој да те знае!