Денес, 20 ноември, денот кога е потпишана Конвенцијата на Обединетите нации за правата на детето, во светски рамки се одбележува Денот на детето. Целта на овој ден е да се потсетиме на сите тешкотии со кои се соочуваат децата во светот и да размислиме за тоа како да им помогнеме.

Светската организација за подобро детство ги потсетува државите, невладините организации и институциите дека сè уште има деца кои живеат во лоши услови, а тие имаат влијание врз нивниот раст и развој во животот. На 20 ноември 1959 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Декларацијата за правата на детето и на 20 ноември 1989 година ја усвои и Конвенцијата за правата на детето.Од 1990 година, како Универзален ден на детето се одбележува денот кога Генералното собрание на ОН ги усвои Конвенцијата за правата на децата и Декларацијата за правата на детето. Да ги напоравиме децата среќни, не само денес. Нека бидат среќни секој ден!

Во чест на овој ден, тројца млади активисти ќе говорат за значењето на Светскиот ден на детето, за сајбер булинг, за образованите за време на Ковид 19 и како светот да биде подобро место за сите деца. Овој настан е организиран од УНИЦЕФ и ќе може да го проследите на следниот линк: