1. Времетраењето на наставата е од 3-5 часа со одмори. Учениците од една паралелка престојуваат во една просторија.

2. При влезот и во училиштето задолжително е мерење на телесна температура (дозволена до 37.4 степени ц) и дезинфекција на обувките и рацете.

З. При влезот и во училиштето задолжително е носење заштитна маска.

4. Родителите ги испрайаат учениците до влезот на училиштето и се забранува нивно влегување освен со претходна најава и почитување на мерките. Пренесувањето на информации се одвива преку телефон или по договор.

5. Учениците носат оброк/храна од дома.

6. Бројот на учениците во училниците е ограничен согласно просторот со цел да се обезбеди задолжително физичко растојание од 1,5 метри.

7. За време на наставата и одморите со учениците задолжително е присутен одделенски раководител/наставник кој се грижи за почитување на мерките.

8. Во просториите задолжително се обезбедува средство за дезинфекција на рацете.

9. Во училиштето задолжително се почитуваат мерките за лична, респираторна и општа хигиена (зачестено миење раце или употреба на дезинфекционо средство на база на алкохол).

10. Училниците почесто се проветруваат, по можност за време на часовите и задолжително во текот на одморите.

11.3а време на одморите се забранува групирање на присутните и задолжително е почитување на физичко растојание од 1,5метри.

12.По завршувањето на наставата, просториите се чистат и дезинфицираат.

ООУ „Кочо Рацин “ Прилеп