Во чест на патрониот празник на ООУ ,, Кочо Рацин‘‘ Прилеп на Могилата на непобедените денес директорката Зора Чадамова, вработените од училиштето, претставници од Општина Прилеп и останатите училишта од градот положија свежо цвеќе во знак на оддавање почит за животот и делото на еден од најистакнатите македонски автори и основач на современата македонска литература.

По повод патронот на училиштето „Кочо Рацин“, директорката Зора Чадамова истакна дека иако условите за одбележување на празникот на нивното училиште се различни од изминатите години,ова е сепак значаен ден за нив кој не треба да се изостави, притоа истакнувајќи дека посреќни би биле кога би се создале услови за присуство на учениците за заедно да го одбележат денот кога е роден патронот на училиште. Чадамова во поздравниот говор пред присутните истакна дека се особено благодарни што го носат името на Кочо Рацин, затоа што со излегувањето на неговата стихозбирка од печат во 1938 година, Рацин ги поставил темелите на современата македонска поезија но и на современиот македонски литературен јазик.

Како и секој 22 декември и оваа година традиционално го одбележуваме патрониот празник на нашето училиште. И покрај ситуацијата во која се наоѓаме, и во вонредни услови нашите вредни ученици – вистински Рацинови следбеници подготвија бројни активности почитувајќи ги сите мерки за заштита. Со чествувањето на овој ден ние се потсетуваме на неговото дело и борба за подобро утре. Честит нека биде Денот на училиштето, честит и вековит да биде споменот на нашиот патрон Кочо Рацин!

https://view.genial.ly/5fe04eda60e6a00cfc750186

Leave a Reply