Во соработка со НУ Завод и Музеј Прилеп ученици од IV и VII одд од нашето училиште, после неколку етапи – предавање и изработка на кукли – Мариовки невести – од проектот =Мариовски народни носии сега и овде =, учениците се закитија и со благодарници. Благодариме на м-р Маја Ралева Миладиновски, браво ученици!!!

Повеќе

Математичарите од нашето училиште најдобри на Државниот натпревар по математика! Им честитаме на Софија и Глигор Иваноски од VII одделение за освоената III (трета) награда и Божидар Ристески од VII одделение и Нина Самарџиоска од VIII за освоената пофалница. На останатите ученици им честитаме за учеството и им посакуваме успех во иднина.

Повеќе

На државниот натпревар по Биологија кој се одржа на 20.05.2023 на Природно-математичкиот факултет во Скопје нашите ученици ги постигнаа следните резултати

На државниот натпревар по Биологија кој се одржа на 20.05.2023 на Природно-математичкиот факултет во Скопје нашите ученици ги постигнаа следните резултати: Глигор Иваноски 7одд.награда Ева Петреска 9 одд. награда Софија Иваноска 7одд. награда ментор: Љупчо Преспаноски Георгина Ивановска 8одд. пофалница ментор: Маја Ристевска Им честитаме на учениците

Повеќе

Денес, во посета кај директорката Јулијана Тренкоска им беа доделени статуетки на нашите ученички кои на државното првенство во спортска гимнастика за основни училишта постигнаја одлични резултати.

Денес, во посета кај директорката Јулијана Тренкоска им беа доделени статуетки на нашите ученички кои на државното првенство во спортска гимнастика за основни училишта постигнаја одлични резултати. Илина Кузманоска 1во место Ева Јашмакоска 3то место Ментор: Мартина Јездиќ Според резултатите, Илина е со најдобар резултат од сите

Повеќе

Последната од едукативните работилници – прекрасно искуство од кое учат и учениците и наставниците!

Последната од едукативните работилници – прекрасно искуство од кое учат и учениците и наставниците! Благодарност до МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп што го доближи театарот до училиштата! Ѝ посакувам многу години на оваа убава и корисна иницијатива и пракса, и уште многу училишта да минат низ магијата!

Повеќе

По повод меѓународниот ден на музеите 18 Мај, учениците од четврто одделение ги посетија музејските поставки во музеите “11 октомври” и “Археолошкиот музеј”. Прилеп изобилува со музеи кои се богати со културно-историско наследство кое предизвикува љубопитност кај секој посетител. Нашите ученици беа воодушевени од поставките, но исто така се претставија во вистинско светло со предзнаењата кои ги поседуваа.

Повеќе