Нашите математичари – наша гордост – наша мотивација

Вчера, на 11 мај 2024 година, на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа XLIX Државен натпревар по математика за учениците од основното образование.#кочовци постигнаа одлични резултати: одделение:Глигор Иваноски-II наградаСофија Иваноска-III наградаТадеј Велјаноски-Пофалница Ментор: Александра Христоска одделение: Милана Христоска-ПофалницаМарија Цветкоска-Пофалница Ментор: Јованка Велјаноска

Повеќе →

Не пропуштајте ја драмската изведба ,,УТРЕ МОЖЕШ ДА БИДЕШ И ТИ”, иницијатива на нашите ученици како дел од проектот ,,Промоција на безбедна училишна средина”, кој e поддржан од Фондацијата ПЕСТАЛОЦИ

Дојдете и поддржете ги нашите талентирани ученици!

Повеќе →

На Меѓународниот натпревар по англиски јазик HIPPO ученичката Киријана Јовческа која се натпреваруваше во категоријата HIPPO 2, покажа одлични резултати во полуфиналето и си обезбеди место во следниот круг кој ќе се одржи во Италија.Успешната приказна продолжува…

Повеќе →

Нашите ученици зедоа активно учество на Регионалниот натпревар на млади техничари и природници.

Од им честитаме на учениците: Матеј Атанасоски место во областа Електроника, Надја Десоска место во областа фото техника, Дамјан Николоски место во областа бродомоделарство, Матеј Момироски место во областа сообраќајно моделарство, Матеја Кузевска место во областа конструкторство и Кристина Танеска место во областа градежништво и архитектура. Ментор

Повеќе →

На натпревар во организација на општинската организација на Црвениот крст , нашето училиште учествуваше со две екипи.

Првата екипа беше составена од седмоодделенците: Дафина Биџоска, Талија Ѓореска, Елена Трајкоска, Димитар Чесноски, Димитар Илијоски, Тијана Камческа, додека нашата втора екипа беше во состав на деветтоодделенците: Јован Аврамоски, Ивана Ангелеска, Ирена Богојевска, Георгина Ивановска, Кристијан Крстески и Марија Петреска кои воедно го освоија и III-то место.

Повеќе →

Драги првачиња,времето за откривање и совладување на нови животни предизвици и тајни се ближи. Дозволете да ве водиме низ оваа нова возбудлива авантура и да ви помогнеме полесно да го осознаете светот на мудроста! Станете дел од нашето големо семејство!

Повеќе →

Соработката меѓу нашето училиште ООУ ,,Кочо Рацин” – Прилеп и локалната самоуправа оваа седмица ја заокружи посетатата на третите одделенија во општествено одговорната компанија Комфи Ангел

Учениците на лице место видоа производство – од суровина до готов материјал. Пресреќни со подароците – преубави перничиња заминавме да се одмориме на нив и да евоцираме спомени од преубаво поминатиот ден. Благодариме Комфи Ангел!

Повеќе →

И оваа година на Регионалниот натпревар по хемија блеснаа на врвот ученичките Нина Самарџиоска од 9-г и Софија Иваноска од 8-г одд.

Браво, чекорете секогаш по патеката на успехот и среќно на Државниот натпревар.Честитки и за Марко Ќорвезироски и Стефан Ристески за освоената III награда.

Повеќе →