Учениците од ООУ,, Кочо Рацин” се нижат со награди

Учениците од ООУ,, Кочо Рацин”се нижат со награди. Нашиот ученик Христијан Димески од V- г одд. се закити со дипломи и медаљи за 2 и 3 место во карате. Браво за нашиот каратист и му посакуваме уште поголеми успеси во иднина!

Повеќе

Почитувани,УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија објавуваат нов отворен повик за вклучување на млади во комуникациски иницијативи за справување со онлајн насилството и говорот на омраза на интернет. Повикот со наслов: „Заедно за интернет без омраза“ е дел од долгогодишното партнерство помеѓу УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија чија цел е да ги вклучи децата и младите во справувањето со некои од најголемите предизвици со кои се соочува нивната генерација.Би ви биле многу благодарни доколку би можеле да го споделите повикот со ученици од Вашето училиште. Повикот е отворен до 08.05.2023 (понеделник).Работилниците ќе се организираат во мај, дводневната на 20-ти и 21-ви мај и тродневната работилница на 26-ти, 27-ми и 28-ми мај во Скопје. На работилниците можат да се пријават сите заинтересирани млади на возраст од 14 до 19 години, со пополнување на следниот формулар: https://t.ly/p08z Предавачи на работилниците ќе бидат:Огнен Јанески – https://www.facebook.com/janeski.ognen Трајко Џиков – https://www.facebook.com/trajko.djikov Руки Чуки – https://www.instagram.com/ruki_chuki/

Повеќе

„Убавата работа кај учењето е тоа што никој не може да ти го одземе“. – Б.Б.К.

Денес на “Квизот на знаења” по предметните математика, физика, хемија и биологија организиран од ООУ “Кире Гаврилоски-Јане” учествуваа ученици од сите училишта во нашата Општина. Првата награда ја освоија ООУ “Кочо Рацин” Честитки до учениците Ева Петреска Михаил Маркушески Михаил Здравески

Повеќе

Честитки за освоени награди на литературниот конкурс организиран по повод Патрониот празник на ООУ ,,Гоце Делчев ” – Прилеп! прва награда: Марија Симоноска 9 одд. ментор: Наташа Кулевска втора награда: Софија Христоска 7б одд. ментор: Габриела Стојаноска-Станоеска

Повеќе

Во нашето училиште во соработка со НУ Завод и Музеј Прилеп, под раководство на м-р Маја Ралева-Миладиновски се реализираше првиот дел од проектот “Мариовските народни носии – сега и овде” со предавање на тема – Автентичноста на Мариовската народна носија со сите нејзини впечатливи атрибути. Предавањето го проследија ученици од II одд. со одделенскиот раководител Павлинче Велјановска и ученици од VII одд. под раководство на наставничката Габриела Стојановска Станоевска. Упатувам голема благодарност за исцрпното предавање и за пробудувањето на свеста за фолклорот и обичаите кај најмладите. Спремни сме за понатамошно дружење и едукативна надградба. Со почит и ❤️❤️❤️

Повеќе

Државно првенство во индивидуални спортови-спортска гимнастика

Државно првенство во индивидуални спортови-спортска гимнастика. Нашите ученички под менторство од наставничката по фзо Мартина Јездиќ, се закитија со 1во место – Илина Кузманоска и 3то место – Ева Јашмакоска Честитки

Повеќе

По повод 22 Април – Светскиот ден на планетата земја учениците од Биолошката секција организираа и спроведоа Еко – акција преку која на граѓаните им беа доделени флаери и брошури со едукативна содржина, a учениците од петто одд подготвија презентација.

Повеќе

Нашите ученици од осмо и деветто одделение и учениците кои активно учествуваат во воннаставните активности по германски јазик

Нашите ученици од осмо и деветто одделение и учениците кои активно учествуваат во воннаставните активности по германски јазик ја посетија патувачката изложба за врвните истражувања во Германија на тема ,,Вселена.Човек.Интелигенција” – поставена во КИЦ во Скопје. Станува збор за интересна интерактивна изложба за млади, која Гете-институт во

Повеќе