„20 ти март – Младите франкофони од ОУ Кочо Рацин Прилеп го прославија Меѓународниот месец на франкофонијата преку програма на која присуствуваа Амбасадорот на Република Франција во Македонија, Директорот на Францускиот институт во Скопје, Градоначалникот на Општина Прилеп, Претседателот на Совет на Општина Прилеп и бројни родители, другарчиња и љубители на францускиот јазик. Под менторство на наставничката Весна Трајческа преку прекрасна рецитација и забавен скеч ни покажаа дека двете најважни работи во животот се љубовта и радоста. И докажаа дека е забавно и лесно учењето на францускиот јазик.