Чест и задоволство ни е што нашето училиште е дел од проектот “Промоција на безбедна училишна средина” поддржан од Коалиција на младински организации СЕГА, во партнерство со Македонски центар за граѓанско образование, Првата детска амабасада Меѓаши, Смартап, поддржано од детската фондација “Песталоци”.Изминативе денови беа одржани три работилници со учениците – членови на Училишната заедница на кои под менторство на проф. др. Елизабета Тошева, редовен професор на Правниот факултет при Универзитетот “Св. Климент Охридски”, учениците имаа можност да развиваат вештини за комуникација, тимска работа, спроведување на ученички иницијативи, пишување проекти спроведување на истражувања и др. Во прилог следат фотографии од трите работилници.