Ученичко – родителска соработка на 3а и Државниот студенскиот дом „Орде Чопела“. Можност да се ѕирне директно во светот на возрасните и да се види што ги очекува кога ќе го завршат задолжителното образование. На покана на нашиот родител Филип Секулоски и вработените во студенскиот дом, поминавме ден во вежбалната, читалната, собите, кујната и трпезаријата на студентите кои домуваат тука. Го испочитувавме куќниот ред, научивме како се одвива животот во Домот и ја вкусивме одличната храна. И,да! Пред да го посетиме студентскиот дом „претрчавме“ во неформална посета на Економскиот факултет… друго е кога како „студенти“ ќе појдете во Студенски ? Голема благодарност за приликата и одлично – поучно поминатиот ден ?