Учениците од 7мо одделение по повод празникот 11ти Октомври под мотото ,, Вечна слава на хероите”, под менторство на наставничката по англиски јазик Весна Обрадовиќ, изработија постери со пораки за слобода и мир. Учениците преку бои, симболи, пораки и цртежи покажаа како тие придонесуваат кон мирот, слободата, другарството, ненасилството, односно испратија порака дека ,,Тајната до среќата е слободата, а тајната до слободата е храброста.”(The secret to happiness is freedom. The secret to freedom is courage.)