Учениците од 3а одд заедно со нивните мајки и баби направија работилница по повод новогодишните празници. Прекрасните изработки ги изложија во просториите на ПИ ,,Витаминка’’. Собраните средства ќе одат за хуманитарни цели. Го посетија и погонот за производство на најубавиот СТОБИ ФЛИПС, научија од што и како се прави истиот, а дома се вратија со подароци. Голема благодарност до тимот на ПИ ,,Витаминка’’!