Проектот – Мариовски народни носии – сега и овде = продолжи со практична изведба на истиот.

Имено – ученици од II и IV одд. со наставничките Павлинче Вељановска и Габриела Стојаноска – Станоеска, под раководство на м-р, Маја Ралева – Миладиновски – денес изработуваа кукли со народни носии во просториите на музејот. Проследете што изработија вредните ученици… Изложбата на овие изработки и изработките од други училишта ќе бидат наредната недела. Да ја посетиме изложбата и да се потсетиме на нашето културно богатство – носиите и обичаите на нашите претци од овие краишта