Врз основа на распишаниот конкурс за избор на Првенец на генерацијата за учебната 2020/21година, комисијата ги разгледа приложените документи од кандидатите деветтоодделенци и согласно правилникот ги рангираше истите. Најпрвин би сакале да им честитаме на сите кандидати за нивното активно учество во сите наставни и вон-наставни активности, како и за нивниот придонес за афирмација на нашето училиште.Комисијата денес имаше сериозна задача, со оглед на тоа што сите кандидати се вредни и сериозни ученици, но сепак титулата ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА му припадна на ученикот МИХАИЛ МИРЧЕСКИ од IX- Б одделение, кој доследно го претставуваше ООУ ,,КОЧО РАЦИН” на многу натпревари! Михаил, една епизода од животот веќе финишира, сега си на крстопат и се надеваме дека најмалку ќе го дуплираш успехот што го постигна до сега, тоа ти го посакуваме од ❤, но не заборавај каде за првпат научи како е да се биде ШАМПИОН!!! И на останатите кандидати им посакуваме уште поголем успех во иднина! Следете го ❤, сонувајте со отворени очи и бидете свои.