По повод меѓународниот ден на музеите 18 Мај, учениците од четврто одделение ги посетија музејските поставки во музеите “11 октомври” и “Археолошкиот музеј”. Прилеп изобилува со музеи кои се богати со културно-историско наследство кое предизвикува љубопитност кај секој посетител. Нашите ученици беа воодушевени од поставките, но исто така се претставија во вистинско светло со предзнаењата кои ги поседуваа.