Во пресрет на Неделата на детето, 1а одделение во есенска посета на првачињата од турската паралелка од ОУ”Кирил и Методиј” Канатларци. Поминавме неверојатен, богат, разигран ден, исполнет со активности, благодарение на гостопримството и големата ангажираност на колегите од одделенска настава, ФЗО и психологот на училиштето. Ги вкрстивме двата јазика и одлично се разбравме зашто се натпреварувавме и победивме заедно. Прошетавме и низ селото, видовме работи што во градот ги немаме. Заминавме среќни и посакавме училиштен двор ист каков што имаат нашите нови другарчиња, првачињата од Канатларци.