Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, во соработка со Министерството за образование и наука , отпочнаа голем проект за заживување на наставата по француски јазик во образовниот систем во земјава и во регионот.Настанот на којшто беше презентиран овој проект, а кој во оваа фаза опфаќа 25 училишта од Републиката, има за цел зголемување на динамиката на наставата по француски јазик во основните училишта и олеснување на изборот на францускиот како втор странски јазик, и беше отворен од страна на Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, и г-дин Јетон Шаќири, Министер за образование и наука. На овој настан кој се одржа на 13.05.2022 година учествуваа градоначалникот на Општина Прилеп, Г-нот Борче Јовчески како и наставничките по француски јазик и директорите на основните училишта „Кочо Рацин“ и „Гоце Делчев“ од нашата општина, како и бројни градоначалници, директори на основни училишта и наставници по француски јазик од целата Република.

Министерството за надворешни работи и Европа на Франција го поддржа овој проект кој се состои од три компоненти кои опфаќаат поттикнување кон избирање на францускиот јазик во претшколските и школските установи, зајакнување на наставата по француски јазик во училиштата преку вмрежување и територијална соработка и промовирање на францускиот јазик како работен јазик, јазик на креација и иновација и развивање на професионален француски јазик.Добар почеток на проект кој треба да донесе позитивен резултат врз работењето на нашето училиште и добробитта на нашите ученици, а на задоволство на сите активни учесници во наставниот процес“