Нашето училиште беше домаќин на Регионалниот натпревар по германски јазик на кој учествуваа 110 ученици од основните училишта од Прилеп, Битола, Кавадарци и Демир Хисар. Атмосферата беше “жешка”, особено затоа што по две тешки години, тешки за сите нас, повторно се организира настан од ваков вид. Учениците беа вредни како пчелки ???, а најдобрите се пласираа на Државниот натпревар кој претстои во нареден период. Наши најдобри германисти беа учениците Софија Макеска од 6Б, Бојан Филипоски и Ева Петреска од 8Г и Софија Настоска од 9A. Им честитаме и ним и на нивните ментори и им посакуваме уште поголем успех на Држаниот натпревар. ?????