??? По повод Први април, Денот на шегата, ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп распишува:КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ХУМОРИСТИЧНА ТВОРБА ЗА УЧЕНИЦИ ОД 6 до 9 ОДДЕЛЕНИЕНа 31.03.2023 год. (петок) во просториите на Градската библиотека ,,Борка Талески” – Прилеп во 12 часот ќе се одржи литературно читање на лични поетски творби со хумористична содржина. За таа цел ве покануваме и вие да земете учество на настанот со најмногу тројца ученици од вашето училиште од 6 до 9 одделение.Творбите на учениците да бидат авторски/оригинални.Творбата да биде испратена во електронска форма, потпишана со име и презиме на ученикот и менторот, работена во Word, Times New Roman, фонт 12, кирилична поддршка.Личните творби треба да бидат испратени најдоцна до 30.03.2023 год. (четврток) на мејлот на одговорниот наставник Наташа Кулевска: kulevskanatasa@gmail.com.На настанот гостин ќе биде почитуваниот писател за деца Горјан Петревски, кој ќе одржи и предавање за детското творештво, творештвото за деца, ќе сподели интересни искуства од сопствениот живот и работа, а ќе ги додели и наградите на сите учесници.ООУ,,Кочо Рацин” – Прилеп

Одговорен наставник:

Наташа Кулевска

Директор:

Јулијана Тренкоска