ООУ„Кочо Рацин“Прилеп

ул. „Борка Талески“ бр.64, Прилеп, Прилеп

тел. 048 425 772 или e-mail: kocoracinprilep@yahoo.com

Врз основа на училишниот Правилник за  избор и прогласување на ученик на генерацијата  при ООУ„Кочо Рацин“, Прилеп,  Kомисијата распишува

КОНКУРС

За избор на првенец на генерацијата во учебната 2020/21г

 Kомисијата за избор и прогласување на ученик на генерација  при ООУ„Кочо Рацин“, Прилеп распишува конкурс за избор на првенец и истиот ќе трае  од 17.05.2021г до 25.05.2021г.Потребните документи треба да се достават електронски   на  следниот маил racinprilep@gmail.com  до  12.00часот на 25.05.2021г.

На конкурсот имаат право да се пријават сите ученици кои што се IХ одделение при

ООУ„Кочо Рацин“  и кои што ги исполнуваат следниве услови:

  • Кандидатот да постигнувал среден успех 5.00 на крај на наставната година од  IV до IХ одд.
  • Кандидатот да бил оценет со примерно поведение на крај на наставната година од  IV до IХ одд.
  • Да учествувал и постигнувал резултати на училишни, регионални, државни, меѓународни натпревари ;
  • Да не бил казнуван со педагошка мерка од било кој вид во текот на школувањето во училиштето;
  • Вкупниот број на неоправдани изостаноци во текот на годината да не биде поголем од 3 (за секоја учебна година пооделно);
  • Во текот на школувањето во училиштето да покажал интерес и учестувал на воннаставни  активности  и проекти за унапредување на училиштето.

Комисијата за номинирање, избор и прогласување на ученик на генерација и пофалени ученици при ООУ„Кочо Рацин“ ќе ги рангира сите пријавени според веќе утврдените инструменти за рангирање најдоцна до  07.06.2021г и ќе ги објави резултатите од Kонкурсот.

Датум  17.05.2021г

                                                                                                                               Kомисија

                                                                                                  за избор на првенец на генерација