Драги ученици, почитувани родители,

Со нетрпение ја  очекуваме  повторната средба со Вас. Фокусирани сме на планирање на уште една 

предизвикувачка и непредвидлива учебна година, каде што дефинитивно ќе ни биде потребна  меѓусебна  поддршка и разбирање.

Особено ги поздравуваме нашите правчиња и нивните  родители! Веруваме дека ја споделуваме возбудата  за првиот училишен ден. 

Ќе ви претставиме  во неколку точки како ја  замисливме организацијата  на животот и работата во Училиштето.


  • Организација на наставата

Училиштето ги прилагоди условите за реализирање на наставата согласно Планот и Протоколот донесени од МОН со цел обезбедување непречен воспитно-образовен процес и обезбедување потребни мерки за заштита и намалување ризик од ширење на корона вирусот.

Наставата  започнува во среда, 01.09.2021г со физичко присуство на сите  ученици  со почитување на Протоколот за наставата со физичко присуство и со распоред што ќе важи за сите ученици. Училиштето е подготвено за промена на овој модел на реализирање на наставата доколку дојде до измени  на епидемиолошката состојба во државата, регионот или општината.

ПРВ УЧИЛИШЕН ДЕН

I ОДДЕЛЕНИЕ

• Првоодделенците во придружба на нивните родители доаѓаат во училишниот двор  во 10,00 часот

• Родителите и учениците треба да носат заштитни маски

• Во училишниот двор  ќе се одржи  свеченост и  распределба на паралелките, а родителите  ќе добијат  информации за почетокот на учебната година

•Првооделенците  ќе се запознаваат со основните правила во училиштето

VI ОДДЕЛЕНИЕ

• На првиот училишен ден пристигнуваат во 8 часот во училишниот двор каде ќе се врши распределба на паралелките

•   Одделенските раководители ги превземаат и  водат учениците, кои ги дезинфицираат рацете, им се мери температура  и одат во  матичната училница:

• На првиот училишен ден,  ќе имаат 2 часа настава

• Учениците треба да понесат  заштитна маска

• Учениците  ќе добијат информации за почетокот на учебната година


Училиштето има подготвено Протокол за  учениците кои ќе следат настава со физичко присуство,

со кој ќе бидат запознати и на кој треба да се придржуваат.


2.Распоред по смени:

ЦЕНТРАЛНО УЧИЛИШТЕ

ПРВА СМЕНА            II,IV,VI  и VIII одд – почеток во 7,15 часот

ВТОРА СМЕНА         I,III,V, VII и  IX одд – почеток во 13 часот

ПОДРАЧНО УЧИЛИШТЕ – РИД

ПРВА СМЕНА          IV одд. – почеток во 7,15 часот

                                   Iд и II одд – почеток во 8 часот

ВТОРА  СМЕНА       I г, III и V одд – почеток во 13 часот


Влегување на учениците во училиште
  • Учениците како група/паралелка, почитувајќи го потребно физичко растојание,чекаат нивниот наставник да ги повика и води  до училницата.
  •  На првиот ден ( среда 1 септември), учениците пристигнуваат во училиштето според распоредот  (освен учениците од прво и  шесто одделение).Ги пречекуваат одделенските/ предметните  наставници,  им се мери температура,  ги дезинфицираат рацете,  одат во своите училници.
    • Учениците ќе имаат  два часа настава, ќе добијат информации за почетокот на учебната година,
    • Учениците треба да носат заштитна маска.

Многу е важно учениците да доaѓаат  на училиште во закажаното време со цел да се избегнуваат гужви.
Сите ученици секогаш ги користат истите патеки – за влегување во училиштето, движење по ходниците, одење дома...
Учениците  ќе влегуваат во централното училиште од  3 влеза. Учениците од една паралелка ќе користат една училница.  
Задолжително е носење на заштитна маска.

3.Распоред за влегување на учениците

ПРВА СМЕНА                                                      ВТОРА СМЕНА                          

ВРЕМЕМЕСТООДДЕЛЕНИЈА II, IV, VI , VIII ВРЕМЕМЕСТООДДЕЛЕНИЈА I, III, V, VII, IX
7ч 00мВЛЕЗ 1IVв13ч 00мВЛЕЗ 1I в
7ч 00мВЛЕЗ 2IVб13ч 00мВЛЕЗ 2I б
7ч 00мВЛЕЗ 3IVа13ч 00мВЛЕЗ 3I а
7ч 05мВЛЕЗ 1VI  в         VIII д12ч 45мВЛЕЗ 1III а
7ч 05мВЛЕЗ 2VI   а         VIII а12ч 45мВЛЕЗ 2III в       V в
7ч 05мВЛЕЗ 3VI  б         VIII г12ч 45мВЛЕЗ 3V а       V б
7ч 10мВЛЕЗ 1VIII б12ч 50мВЛЕЗ 1IX a       VIIв
7ч 10мВЛЕЗ 2VI г       VIII в12ч 50мВЛЕЗ 2III б      IXд
7ч 10мВЛЕЗ 3VIд12ч 50мВЛЕЗ 3IX в       VIIг
7ч 50мВЛЕЗ 1IIа12ч 55мВЛЕЗ 2VIIа       IXг
7ч 50мВЛЕЗ 2IIб12ч 55мВЛЕЗ 1VIIд
7ч 50мВЛЕЗ 3IIв12ч55мВЛЕЗ 3VIIб      IXб

4. Уште неколку зборови на крај

Сите сме исполнети со радост и ги чекаме нашите ученици, но  и  исто толку сме претпазливи што треба да ги чуваме и заштитиме децата и ние самите. Целиот наш напор, внимание и детална подготовка ќе биде залудна без Ваша поддршка. 
 Почитувани родители,
 Апелираме и Ве повикуваме на одговорна соработка,  да ги  подготвиме нашите ученици, Ваши деца да ги почитуваат воведените нови правила.
Со искрена почит, на сите ученици им посакуваме среќен почеток на новата учебна година со верба и надеж дека наскоро  нема да битат потребни посебни ограничувања и тешки правила.
 
Директор, стручни соработници, наставници  и 
останати вработени  во Училиштето
Датум, 31.08.2021 г.