Се известуваат родителите на децата кои оваа година ќе се запишуваат во прво одделение дека задолжителниот систематски преглед на видот можат да го закажат преку МОЈ ТЕРМИН со помош на матичните лекари.

✅ Систематските прегледи ќе се извршуваат во просториите на кабинетот за ОРТООПТИКА, кој се наоѓа во очната амбуланта во Општата болница ,,Борка Талески” Прилеп, почнувајќи од 21.03.2022 год.

✅ Прегледите ќе се извршуваат ИСКЛУЧИВО со УПАТ (со термин) од матичен лекар.

✅ Се замолуваат родителите навремено да се пријават за систематските прегледи на нивните деца, за да не се создаде недостаток на на термини во месеците мај и јуни.Ве очекуваме драги најмалечки ❤Ваше ООУ ,,Кочо Рацин” – Прилеп ?‍??‍??‍?