Минатата недела, почнувајќи од 02.05.2022 до 07.05.2022, осмоодделенци од ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп придружувани и менторирани од наставничките Габриела Темелкоска и Билјана Маркоска, активно партиципираа на завршната мобилност во Вајлрод – Риделбах во Германија, која беше организирана во рамките на Еразмус + прокетот: „Да станеме Европолитани, да развиваме европски културни вредности доживувајќи го европскиот диверзитет.“

Млади луѓе речиси од секој агол на Европа, почнувајќи од Латвија, Полска, Македонија, Кипар, Португалија и домаќинот Германија,  се сретнаа во училиштето Вајлрод – Риделбах, чиј патрон е токму уметникот Макс Ернст и четири дена твореа на тема: „Различни, но сепак обединети.“

Учесниците на оваа мобилност имаа задача да изработат уметнички графити кои ќе содржат елементи од различни европски држави и на тој начин ќе покажат дека и покрај сите културни разлики, сепак уметноста е таа што не поврзува.

За реализација на оваа проектна задача од страна на училиштето домаќин беа ангажирани професионални уметници Scid & Harti, кои комплетно го координираа текот на активностите и изработката на графити уметничките дела.

Покрај изработката на графити во училиштето, во рамките на посетата на Германија учениците имаа можност да ги прошират своите знаења од областа на уметноста, посетувајќи ги двата муези во Франкфурт, имено музејот за класична уметност Штедел (Städel) и музејот за современа и применета уметност Ширн (Schirn), разгледувајќи дела од уметници ширум целиот свет. Преку играта City Rallye го запознаа и стариот град на Франкфурт со сите негови позначајни знаменитости.

                Покрај изработката на графити во училиштето, во рамките на посетата на Германија учениците имаа можност да ги прошират своите знаења од областа на уметноста, посетувајќи ги двата муези во Франкфурт, имено музејот за класична уметност Штедел (Städel) и музејот за современа и применета уметност Ширн (Schirn), разгледувајќи дела од уметници ширум целиот свет. Преку играта City Rallye го запознаа и стариот град на Франкфурт со сите негови позначајни знаменитости .

Поддршката што учлиштето Макс-Ернст и нашиот Еразмус+ проект ја добиваат од страна на локалната самоуправа на округот Хохтаунус и општините во целиот округ беше евидентна со самото присуство на Градоначалникот на Вајлорд на отворањето и на затворањето на мобилноста, кому како гости од Прилеп му подаривме скромен подарок – поздрав од нашата Општина и Градоначалникот Г-дин Борче Јовчески.


Сублимирајќи ги активностите реализирани во рамките на трите мобилности со физичко присуство и трите онлајн мобилности можеме со задоволство да кажеме дека наште прокетни цели се успешно реализирани.

Главната проектна цел – од нашите ученици да направиме „ЕВРОПОЛИТАНИ“ кои ќе го разбираат европскиот културен диверзитет, ќе го прифатат истиот со отворено срце, градејќи меѓусебни мостови на пријателство, отфрлајќи ги сите предрасуди и бариери што постојат меѓу нив – е навистина реализирана во целост.

Ретроспективно гледано, почнувајќи со мобилноста во Лимасол (Кипар) во декември 2019, каде се роди нашата заедничка песна за Европа, компонирана од страна на нашите ученици – учесници на првата мобилност, па потоа мобилноста во Назаре (Португалија) во февруари 2020 пред самиот старт на КОВИД пандемијата, на која учениците има прилика да се запознаат со регионалните обележја и традицијата на еден народ, но и да пренесат нешто за своите регионални белези, уверувајќи се дека и покрај евидентните разлики сепак постојат и сличности во контекст на фолклорот, традицијата, обичаите и сл. и токму тие сличности се мост кој повторно не обединува. Во Португалија беше ставен акцент и на глобалните ЕКО проблеми со кој се соочува човештвото воопшто, па преку еко акција на самата плажа на океанот беа собрани отпадоци кои се рециклираа и од нив беа направени прекрасни бродчиња – традиционаолно белег на регионот во кој нашите ученици престојуваа.

Почетокот на КОВИД пандемијата, со сите нејзини негативни страни вклучувајќи го и стравот од непознатото, не присили да го ставиме проектот во фаза на мирување, паузирајќи ги сите проектни активности со физичко присуство.

Беше потребна речиси цела година за повторно да се сретнеме на првата онлајн мобилност организирана на платформата ZOOM на која домаќин беше токму нашето основно училиште, ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп.  На оваа прва онлајн мобилност учество зедоа повеќе од 90 учесници од сите партнерски држави, кои три дена активно твореа и реализираа задачи од областа на повеќејазичноста. Финален продукт од првата онлајн мобилност беше туристички водич за Град Прилеп наменет за тинејџери изработен од страна на учениците на англиски јазик и на мајчиниот јазик на секоја партнерските држави. Во рамките на оваа прва онлајн мобилност учениците имаа можност да работат во дигитални хетерогени групи, да учат и искусуваат едни од други, да ги развиваат компетенциите на 21 век одн. 4-К вештини, а воедно и да ги проширати своите дигитални компетенции користејќи разлчични дигитални алатки.

Почетокот на 2022 година го означи и стартот на последните две онлајн мобилности и тоа мобилноста во Латвија (22.03. – 24.03.2022) и моблиноста во Полска (02.04. – 04.04.2022) на која учениците работеа на теми кои се особено релевантни во зачувување на домашното т.е регионалното културно наследство како наше заедничко европско наследство.

Во таа насока за време на мобилноста под менторство на Латвија до израз дојде креативноста на учениците и тоа во креирање на приказни (бајки) инспирирани од традиционалните одн. регионалните бајки и преданија. 

Во наредната онлајн мобилност (и последна во оваа низа од онлајн мобилности) колажот од бајките како наше заедничко културно наследство доби и демократска димензија преку презентирање на регионални легенди со евидентни демократски елементи низ примерите за настанувањето на градот Лисабон и легендата за јунакот Улис, легендата за градот Прилеп и многу други.

И на крај можеме со гордост да резимираме дека и покрај сите разлики кои ги поседуваме, токму тие не прават толку посебни во европското семејство, и токму на нив и заради нив треба да бидеме горди, бидејќи истите тие не обединуваат.  Токму со овој проект станавме свесни дека разлики не прават посебни и токму тие се нашето заедничко културно наследство, кое секој од нас треба да го почитува и промовира.

               

Габриела Темелкоска

  • проектен координатор