По повод 20-тото издание на карневалот „Прочка“, градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески денес во просториите на Општината оствари средба со учесниците на карневалското дефиле и изложбата на маски. Диплома за најмаска  беше доделена на основното училиште „Кочо Рацин“ во населбата Рид за маската  „Доаѓањето на Аладин“во која  учествуваа вкупно 56 ученици од 1-г, 4-г, 4-д, 5-г и 5-д од ООУ „Кочо Рацин“, под менторство на наставничките Каролина Тренеска, Наташа Аризанкоска, Зоре Ангелеска и Светлана Велкоска.

Диплома за освоено прво место доби маската „Индијанско село“ од ООУ „Кочо Рацин“ составена од 52 ученици од три паралелки од петто оделение под менторсто на наставниците Пеша Крстеска, Виктор Здравески и  Елена Трајкоска.