Честитки до ученичката Софија Христоска од 8б одд. и нејзиниот ментор наставничката по македонски јазик Габриела Стојаноска-Станоеска за освоеното второ место за лична поетска творба меѓу над 400 песни испратени на конкурсот „Детски Рацинови средби“! ???Им посакуваме успешно претставување во Велес! ???

Мината година околу 330 песни, оваа година РЕКОРД! Над 400 песни пристигнати на литературниот конкурс во категорија основно образование, предметна настава, на тема: „Да му го земеш јазикот на еден народ – тоа значи да му ја земеш душата!“ Убедливо најмакотрпната работа на жири комисијата. Читање, препрочитување, селектирање и повторно препрочитување и повторно бодирање … и така цели 32 часа! Одлуката беше тешка, но праведна! Одлучуваа нијанси. И поради огромниот број на навистина квалитетни творби, жири- комисијата реши да додели неколку рамноправни награди, за прво, второ и трето место. Деца златни, Рацинови следбеници! Гордост сте! Среќа сте! Љубов сте! ВИ ЧЕСТИТАМЕ! Искрени честитки и до менторите. Трошете се за децата, за да бидете запаметени, за вечност да траете! ????????