Во склоп на нашата онлајн Еразмус + мобилност, на вториот и третиот ден од онлајн Еразмус + мобилноста дискутиравме, имавме интересни работилници кои дефинитивно беа инспиративни и поттикнувачки за развивање на интересот за културен диверзитет и мултикултурност. Присутни беа учесници од шест земји – Португалија, Германија, Полска, Кипар, Латвија и ние како домаќини на оваа мобилност. На сите овие шест јазици се подготвени брошури и презентации за градот Прилеп од учесниците со наслов ,, Prilep tour guide for teenagers” – Водич за градот Прилеп за тинејџери. На наше големо задоволство сите активности беа успешно сработени, а нашите гости задоволни од постигнатото. Но она што ни остави најсилен впечаток и насмевка на лицето е дружењето, запознавањето на нови пријатели и позитивната атмосфера во која се забавувавме овие изминати три дена. Голема благодарност до сите учесници на оваа мобилност, за соработката, и за нивниот ентузијазам. Оваа мобилност ја завршивме успешно, мотивирани за поголеми достигнувања и желби за понатамошна соработка.

АКТИВНОСТИ ОД ВТОРИОТ ДЕН НА МОБИЛНОСТА

22.4.2021


Активости од третиот ден на мобилноста

23.4.2021

,,Мисија Северна Македонија‘‘ – статија од веб-страната на нашите партнери од Португалија – Назаре за одржаната онлајн мобилност.

https://sites.google.com/aen.pt/erasmusmais/miss%C3%A3o-maced%C3%B3nia-do-norte?authuser=0