Во рамките на интегрираниот ден во паркот на непобедените – Могила наставниците по физичко образование во соработка со одделенските раководители од деветто одделение и родителите за првпат организираа ориентационо трчање со три тима на ученици од деветто одделение. Секој тим ориентирајќи се со мапа имаше задача да ги собере поставените пликови и да ги достави до целта каде што тимски се составуваа реченици на тема 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ. Огромна благодарност до Талија Петреска, родител во нашето училиште и член на планинарскиот спортски клуб “Златоврв” без чија помош немаше да се организира ваков настан. Нека ни е честит празникот и вечно да го чествуваме денот на македонското востание.