Во посета на нашето училиште беше Амбасадорката на С.Р. Германија, Н.Е. Г-ѓата Петра Дрекслер. Оваа посета, прва од ваков вид во нашето училиште, беше своевидна потврда за ангажманот на нашите наставнички по германски јазик кои несебично се вложуваат не само во промоција на изучувањето на германскиот јазик, туку и во промоција на нашето училиште во европски рамки. Ни претставува особена чест и задоволство што имавме можност да дискутираме за предизвиците со кои се соочуваме, но и придобивките од изучувањето на германскиот јазик во ова време.