??????? Во нашето училиште по повод Денот на лицата со попреченост имавме чест да ја угостиме МАКЕДОНСКАТА ПАРАОЛИМПИЈКА и СВЕТСКИ ПРВАК во СТРЕЛАШТВО, битолчанката Оливера Наковска – Бикова. Имавме прекрасен ден, ден исполнет со многу активности: презентации, натпревар во пикадо, изработка на новогодишни честитки, разговори, делење автограми, радост, смеа и многу позитивна енергија. И’ благодараме на Оливера за прекрасниот мотивирачки говор и дружбата со нашите шестоодделенци. Ја очекуваме повторно! ❤️??????