На овој настан учествуваа околу 50 ученици од основните и средните училишта од Прилеп и Битола, кои под водство на своите ментори – наставници подготвија и презентираа креативни и уникатни решенија за трите предизвици кои им беа зададени.Целта на овој настан е унапредување на СТЕАМ / STEAM вештините меѓу младите од целата држава и зголемување на нивниот интерес за наука, истражување и иновации, преку можност да работат на забавни предизвици во улога на “граѓани научници”. Овој концепт е промовиран од NASA и предизвиците на кои работеа младите се дел од отворената програма на NASA – STEM Engagement наменета токму за ученици и наставници, а материјалите може да ги користи секој што има интерес во оваа област.Голема благодарност до Градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески кој проследи дел од презентациите и воедно ги додели златните медали на победниците во двете категории (основци и средношколци) како и сертификатите за останатите наградени тимови.Првото место во категорија средношколци го освоија Никола Бонески, Софија Настоска и Георги Николоски од СОУ „Мирче Ацев“ од Прилеп (Team Intelligence). Второто место им припадна на Astro Docs во состав Ева Бошкоска, Матеј Шлакески и Теодора Димовска од СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп, а третото место го зазема тимот Stars кој го сочинуваа Михаил Јорданоски, Андреј Ширкоски и Меланија Талеска од СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп.Во категоријата основци, првото место го освоија учениците од тимот ХЕД трагач, Христина Боризовска, Ева Нечовска и Дамјан Талевски од ООУ „Даме Груев“ од Битола, додека останатите признанија ги добија следните тимови:Второ место: тимот ЈКТ, Кристијан Крстески, Јован Аврамовски и Теодор Дамески од ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп и тимот Ѕвездички составен од Ева Петреска, Кјара Кондоска, и Душица Трајкоска од ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп.Третото место го поделија тимовите Паралелопипеди со Софија Димитриеска и Михаил Ѓорѓиески од ООУ „Гоце Делчев“ од Прилеп и Огнени лисици со Илија Петрески, Нина Самарџиоска и Катерина Божоска од ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп.Беа доделени и специјални признанија за 2 тима:Тимот Три сонца во состав Георгина Ивановска, Ивана Ангелеска и Марија Петреска од ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп го доби признанието Interstellar Steam Girls Team, додека тимот Вселенски патувачи во состав Никола Митровски и Евгенија Поп Стефановска од ООУ „Коле Канински“ од Битола го доби признанието Out of this World Team Presentation.