Театарот со сенки и учениците од 7 одд. ООУ ,,Кочо Рацин” – Прилеп
Прво си изработивме 2 екрана за театар, па си избравме дела од чии сцени ќе тргнеме, си изработивме фигури, си ја изгледавме преубавата „Малиот принц“ од театарската група „Сенки и облаци“ – Скопје, па си правевме наши мини претстави и многу, многу се забавувавме. На крајот гостите актери ни споделија знаења, искуства и финти на нашите екрани и си се сликавме за спомен на денот што ќе се помне. Браво!