Честитки до ученичката Софија Христоска од 8б одд. и нејзиниот ментор наставничката по македонски јазик Габриела Стојаноска-Станоеска за освоеното второ место за лична поетска творба меѓу над 400 песни испратени на конкурсот „Детски Рацинови средби“! 👏👏👏Им посакуваме успешно претставување во Велес! 🍀🍀🍀

Мината година околу 330 песни, оваа година РЕКОРД! Над 400 песни пристигнати на литературниот конкурс во категорија основно образование, предметна настава, на тема: „Да му го земеш јазикот на еден народ – тоа значи да му ја земеш душата!“ Убедливо најмакотрпната работа на жири комисијата. Читање, препрочитување, селектирање и повторно препрочитување и повторно бодирање … и така цели 32 часа! Одлуката беше тешка, но праведна! Одлучуваа нијанси. И поради огромниот број на навистина квалитетни творби, жири- комисијата реши да додели неколку рамноправни награди, за прво, второ и трето место. Деца златни, Рацинови следбеници! Гордост сте! Среќа сте! Љубов сте! ВИ ЧЕСТИТАМЕ! Искрени честитки и до менторите. Трошете се за децата, за да бидете запаметени, за вечност да траете! 🫶👏👏👏🫶🫶🫶👏