По неодамна одржаниот РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ИНФОРМАТИКА и добрите резултати на нашите програмери (Гаврил Џинго – освоена втора награда; Теодор Димески – освоена трета награда; Јоана Џинго – пофалба за успешно учество) минатиот викенд се одржа и ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО ИНФОРМАТИКА каде низ програмирање во С++ учениците од IX одделение се закитија со: Гаврил Џинго освоена трета награда и Теодор Димески пофалба за успешно учество. ЧЕСТИТКИ!!!

Повеќе →

Успешно учество на општинскиот натпревар по англиски јазик ELTAM за учениците од нашето училиште!

Петто одделение:1 место Давид Долгоски 3 место Маја Дамеска Шесто одделение:3 место Атанасиј Веселиноски Седмо одделение:1 место Киријана Јовческа2 место Ана Марија Митковска Осмо одделение:2 место Софија Макеска 3 место Каја БошкоскаИм посакуваме среќа на регионалниот натпревар!

Повеќе →

На 19.3.2024г нашето училиште беше домаќин на работилницата организирана во рамките на проектот “Промоција на безбедна училишна средина” проект поддржан од Детската фондација Песталоци, СЕГА, СМАРТ АП, Меѓаши.

Работилницата на која покрај нашите ученици, активно учество зедоа и учениците од “Никола Карев” – Крушево и “Св. Климент Охридски” – Македонски Брод, а темата на работилницата беше” Дизајнерско размислување за решавање предизвици во училиштата”.

Повеќе →

Државна олимпијада по германски јазик. Нашата Елена Стојаноска од 6то одделение со својата трета награда на оваа олимпијада се пласира се меѓу најдобрите

Успешно учество на олимпијадата имаа и ученичките од Дафина Биџоска од одделение и Ивана Ангелеска од одделение. Учете германски! Englisch ist ein Muss, Deutsch ist ein Plus

Повеќе →

Иднината на светот е во мојата училница-Ivan Walton Fitzwater Не постои нешто такво како досадна математика- Edsger Dijkstra

Дали знаете дека за да кажете 6,4 милијарди децимали на бројот Pi потребни ви се 133 години без пауза.Вредноста на Pi до 40 децимали би била повеќе од доволна да се пресмета обиколката на еден круг голем колку Млечниот Пат со грешка помала од големината на еден

Повеќе →

По повод меѓународниот ден на жената 8ми Март, учениците од англиската секција од седмите одделенија од ООУ„Кочо Рацин“ под менторство на наставничката Весна Обрадовиќ изработија пригодни цветни подароци кои им ги подарија на вработени жени во училиштето и израдуваа повеќе жени низ градот

Со оваа акција ја искажаа нивната почит и благодарност кон жената мајка, баба, тетка, наставничка … Веруваме дека со покажаното внимание истовремено им го направивме денот уште поубав и повесел и им ги пренесовме нашите желби да бидат секогаш силни, среќни и насмеани!⚘

Повеќе →