Детската недела ја одбележавме и со две едукативни работилници на тема „Патуваме со детските права и обврски“! ???????????????? Во работилниците учествуваа членовите на Ученичкиот парламент – претседателите и замениците-претседатели на паралелките од IV до IX одделение.???? Преку разговор, размена на мислења и заеднички активности, учениците имаа можност да размислуваат за значењето на детските права, но и за одговорностите што одат рака под рака со нив.❤️ Зашто, секое дете има право да биде слушнато, почитувано и прифатено, а учењето за правата и обврските е важен чекор кон градење одговорни, солидарни и активни млади луѓе.???? Кога ги познаваме своите права и ги почитуваме туѓите, заедно создаваме посреќно и поправедно детство! ????✨