Детството е време за љубов, игра, пријателства и големи соништа.
По повод Неделата на детето, нашите ученици ни испратија пораки кои потсетуваат на најважното – секое дете заслужува да биде сакано, почитувано, слушнато и слободно да сонува.
Нивните искрени гласови се нашата најубава порака.
Нека растат со насмевки, соништа и верба дека можат да го направат светот подобар.
Погледнете ја нашата видео-порака изработена од учениците од 6а одд. посветена на сите деца!