Во подрачното училиште ООУ,,Кочо Рацин”-Рид на ден 18.3.2026 г.беше реализирана средба и предавање за “Безбедност во сообраќајот” на учениците како учесници во сообраќајот.Голема благодарност до сообраќајниот инженер Горан Јошески и јавното претпријатие ЈП за ПУП кој го одржа предавањето и ги запозна учениците со сообраќајните знаци и средства кои ќе им помогнат за безбедно учество во сообраќајот.Ова беше реализирано во соработка со наставничката Стојна Богеска а учество зедоа и наставничките Наташа Аризанкоска,Живка Каралиоска,Светлана Велкоска и Каролина Тренерска заедно со своите ученици .




