Објавен е Јавниот повик за еднократна финансиска поддршка од 3.000 денари за секое прваче во Општина Прилеп!Како што најавивме, оваа година за првпат Општина Прилеп обезбедува финансиска поддршка од 3.000 денари за секое дете запишано во прво одделение во основните училишта на територијата на општината.Од денес, 2 септември, родителите и старателите можат да ги поднесат своите барања, а рокот за аплицирање е до 18 септември 2026 година.Сите информации за условите за остварување на правото, потребната документација, начинот на поднесување и образецот за барање се достапни во целосниот Јавен повик:https://www.prilep.gov.mk/j-a-v-e-n-p-o-v-i-k-za…/Со оваа мерка сакаме да дадеме конкретна поддршка на семејствата и да го олесниме почетокот на едно важно поглавје во животот на секое наше прваче.На нашите најмали ученици им посакуваме безброј убави моменти, нови знаења и успеси во нивното училишно патување!