На 11 октомври 1941 година, во Прилеп, со акциите на Првиот прилепски партизански одред, започнало организираното вооружено востание против фашизмот. Овој историски датум е симбол на храброста, непокорот и стремежот на македонскиот народ за слобода, национални права и сопствена државност. ![]()
![]()
Во чест на овој значаен празник, група ученици од 7 г и 7 д одделение изработија креативен хамер со песни, историски текстови и илустрации посветени на 11 Октомври. Преку своите творби, тие ја изразија почитта кон минатото и ја покажаа својата креативност, творечка умешност и свесност за значењето на историското наследство.
Да го чуваме споменот за минатото, да ги негуваме вредностите на слободата и да ја градиме иднината со знаење, почит и одговорност!![]()
На сите Македонци, во татковината и ширум светот, им го честитаме 11 Октомври – Денот на народното востание!Нека ни е честит празникот! Македонија вековита! ![]()
![]()
![]()





