Во прилог нивните песни!ГРБСликата, каде се собрала сета макакако планините да ги фатила за рака,та се извезала во шарени боиочите на сите да ги освои.Таму, на грбот – сонцето силно свети,растерува мрак.Од небото зрак се спуштада го осветли крвавото парче земја пак.Таму потекува сината водаод силна планинска река.Таму потекува жуборлива ода,крвта што јамие за века.И родило полето жито,со жолти класје како злато.Афиони расцутиле нежно, посеани од птичјото јато.Како планина исправен стоиш,годините на нашата традиција ги броиш.Во тебе минатото наше се скрило,во тебе времето што иде се свило!О, грбу на Македонија!Аманет си за чедата твоишто гордо те носат во срцата свои.Тадеј Велјаноски VIII-Д Мојата Пелагонија Ој рамницо моја мила,од сите страни со планини си се збила,Во тебе се родив, израснав и човек станав,и со гордост твојата околија ќе ја бранам!Како цвеќе росно во шарена градина си се скрила,од сите страни нешто твојата убавина ја сокрива,На север и запад под високи планини си се свила,а на исток живописното Мариово јуначки те покрива!Низ тебе војници со насилност уште од антиката поминале,а твоите јунаци и херои ги поразиле па заминале,Уште од старо време ти се спомнуваш,каде многу умни писатели со восхит ги исполнуваш!Реката Црна по старо Еригон,твојата убост со жубор ја сече,Стибера, Пелагон уште од антиката те красат,твоите бои и шаренила никогаш нема да згаснат!Ти си од златно сонце огреана,а со водите од Црна, Шемница и Елешка полеана,Златното жито и тутун во тебе се веат,а сите со радост во тебе пеат!Од север Прилеп, па Битола и Лерин на југ,во тебе се гордеат Македонци со ек и пук,Села и селца разновидни уште од порано изникнале,и за љубовта во тебе и Македонија извикнале!Мирче Петкоски VIII АСино око мое!Ги отворам моите преграткикако сонцето на неботода те гушнам силно небеснода се изгубам во твојот прекрасен мирис како да сум во галаксија!Мојата љубов океанти ја подарувам тебе, животе мој!Твоите сини очи светат толку далекушто ми ја покажуваат иднината!Колку и да пишувам, Знам малку е,можам да испишувам безброј книгикој би ги читала секогаш и би се враќала во моментите со тебе!И кога моето срце е поделено на илјада деловисекој дел мисли,и те сака токму тебе!Мојата душа не е патека да минеш и да заминеш,мојата душа не е камин да се стоплеш и оддалечиш,мојата душа е место за останување засекогаш!Се молам никогаш да не ме напушти твојата љубовоти ти си причината за мојата насмевка!Стефани Петреска 8 в. одд.Ментор: Габриела Стојаноска – СтаноескаУчилиште: ООУ – Кочо Рацин – Прилеп