Од училишните клупи наставата по македонски јазик, математика, англиски јазик, историја, музичко образование и физичко образование ја преместивме во домот на кодификаторот на македонскиот литературен јазик, Блаже Конески. ✨???? Преку предавање, интерактивни работилници, презентации, рецитации, музика, игра, научивме многу за животот и делото на Конески, периодот на кодификација на македонскиот јазик, условите во кои тој живеел и творел, решававме равенки со броеви добиени од значајните датуми на кодификацијата и успеавме сето тоа да го преведеме и на англиски јазик. Свиревме и на гитара, ги изрецитираме најубавите и безвременски песни на Конески ,,Тешкото” и ,,Везилка”, а на крајот поигравме и шах. ???????? Благодарност до Завод Музеј Прилеп за приемот и прекрасното предавање!????#Кочорациновци#теренсканастава#интегриранработенден#љубов#најубавнашјазик