По повод Детската недела, учениците од I и V одделение при ООУ „Кочо Рацин“ – РИД испратија прекрасни пораки исполнети со љубов, добрина и искрени детски желби. ![]()
![]()
Преку своите пораки, нашите ученици потсетија дека секое дете заслужува да расте опкружено со љубов, емпатија, почит и разбирање. Зашто секоја детска насмевка е важна, секој детски глас заслужува да биде слушнат, а секое дете заслужува среќно и безгрижно детство. ![]()
Да создаваме свет во кој различностите се прифаќаат, добрината се споделува, а љубовта е јазик што сите го разбираме!