По повод Детската недела (од 5 до 11 октомври) и по повод Светскиот ден на просветните работници – Денот на учителот, учениците од седмите одделенија VII-а, VII-б, VII-в, VII-г и VII-д под менторство на наставничката Габриела Стојаноска-Станоеска создадоа една посебна посвета за своите наставници. ![]()
Тие напишаа лични творби, со своите сопствени ракописи, инспирирани од она што им е најблиско и најдраго во училиштето – омилениот предмет и омилениот наставник. ![]()
![]()
Во нивните стихови се препознаваат детската радост, восхитот, благодарноста и убавите чувства кон наставниците кои не се само пренесувачи на знаење, туку и личности кои знаат да разбудат љубопитност, да поттикнат интерес за знаењата и да инспирираат и со својата личност.
Добриот наставник не остава трага само во знаењето, туку и во срцето на детето.![]()
И токму затоа овие ракописи се толку драгоцени – во нив не се запишани само стихови, туку лични детски впечатоци, чувства и благодарност. ![]()
![]()
Среќен Ден на учителот!На сите наставници им благодариме што секојдневно им помагаат на децата не само да учат, туку и да откриваат што сакаат, во што уживаат и во што можат да бидат најдобри. ![]()
![]()
![]()












