На часот по природни науки учениците од II -д одделение преку практични активности ги согледаа процесите на топење, испарување и преминување од тврда во течна состојба. Учениците преку топење на чоколадо и путер, увидоа на кој начин супстанциите преминуваат од тврда во течна агрегатна состојба, а со подготовка на вкусни колачи увидоа како супстанциите преминуваат од течна во тврда состојба.
Учениците практично се запознаа и со процесот на испарување или преминување на течната состојба во гасовита.
На крајот од часот се засладија со чоколадниот десерт кој сами го подготвија. Нашите “шефови” се спремни за уште многу повеќе вкусни идеи.
ООУ ,,Кочо Рацин” – Прилеп