Уникатно и возбудливо доживување за учениците од 3г и 3д одд. денес во Противпожарната единица – Прилеп. Учениците имаа можност од блиску да се запознаат со комплетниот начин на работа на пожарникарите, возилата што ги користат, опремата која е потребна, начинот на кој се управува со истата и како шлаг на тортата имавме возење назад до нашето училиште со противпожарно возилоДомаќините љубезни не пречекаа и со најголемо трпение им објаснија на дечињата се што ги интересираше. Феноменално искуство кое никогаш нема да го заборават