Во рамките на активностите за Месецот на книгата, нашите ученици имаа привилегија да учествуваат во инспиративна работилница за слем-поезија со Игор Трпчески – актер, поет и организатор на слем-натпревари во Македонија.
Децата се запознаа со светот на слем-поезијата, се информираа за натпреварите, но и за техниките на рецитирање преку кои истовремено се будат и креативноста и храброста!
Со многу ентузијазам и енергија, откривме како зборовите оживуваат на сцената и создаваат магија!Благодарност до Игор Трпчески за незаборавното искуство и мотивација!
Нека љубовта кон поезијата продолжи да инспирира нови генерации!