„Читаме, пишуваме, со книгата другаруваме!“ Со голема радост и посветеност, учениците од 3-а, б и в одделение го одбележаа месецот на книгата на креативна работилница.
Во чест на книгата и пишаниот збор, нашите третоодделенци имаа можност да се сретнат и инспирираат од писателката Андријана Ристеска и младата поетеса Теодора.
Нивното присуство беше вистински пример и мотивација за најмладите писатели да се изразат и да го развиваат својот креативен потенцијал уште од рана возраст.
Заедно научевме дека книгите не се само извор на знаење, туку и прозорец кон светот на фантазијата и пријателство.